Брза кучка, слепи кучиња раѓа

Народни поговорки, народни мудрости, и тоа не скопски туку македонски.

Така, ако брзаме за влез во НАТО и прифаќаме разно-разни придавки ќе ни излезат кучињата (т.е. државата) слепи. А се си мислам дека остатокот од Македонија што не е Скопје не би сакал да се вика Скопје.

Трпение-спасение би била уште една македонска (а не скопска) поговорка која содржи многу вистина.

Зарем не требаше уште неколку држави да не признаат за да се избрише референцата ФИР од нашето име?

Владата на РМ (не РМС) има дозвола моја да издвои пола од буџетот за купување на признавањето на државава ни наша. Цел на митото треба да бидат затуцани држави што сеуште не не признале, а ги има такви многу. Впрочем познато е дека Тајван купува признавања зошто да не купиме и ние кога веќе ни фалат само неколку?

Слушам на вести денес некој им се заканил на некои новинари со ликвидација. Интересно. Почнуваме да заличуваме на држава. Секоја сериозна држава има група која се заканува. Што би се рекло стравот куќа чува. Само грешна целна група одбрале, или не, незнам, не ги следам толку многу новинарскиве текстови, особено колумни затоа што наш новинар ти е се освен новинар. Поткупливи новинарчиња, партиски војници, се освен новинари во вистинска смисла на зборот. Нивните интереси биле про-македонски, слушам викаат? Да не беше трагично ќе беше смешно. Про-скопскси да не сакаа да кажат? Или можеби најдобар опис би бил про-лични? Да, дефинитивно про-лични. Во државава ни наша новинари може на прсти да се избројат. Другото е….. нема во нашиов речник адекватен збор што би се употребил за нив.

Пишувачи на колумни во дневни весници. Пола од нив се членови на партии. Ништо чудно колумните да се пишуваат на партиски состаноци. Другата половина ја сочинуваат плати-за-колумна текстопишувачи.

Пред некое време прв пат бев купил Глобус поради двд од Ролинг Стоунс. Поглуп магазин не сум прочитал во животот. Ставовите на текстописците таму се, пред се, идиотски.

Предлагам да се викаме Република на Идиоти. Дефинитивно најдобро и направедно решение.

Tags: , , , , , , , , , , , , ,

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL