Блогодизајнерски грешки
Иронично, но најуспешните блогови на денешницава имаат и најужасни дизајни. Хоророт се должи на општоприфатените и прилично раширени стандарди во блог дизајнот.
Си дадов себеси дозвола да дадам коментар на настанатиот хаос сметајќи дека имам видено позамашен број на блогови.
1. Календар
Незнам зошто календарот не е веќе мртов. Никој не го користи и не служи за ништо освен да покаже дека во последните 10 денови не сте напишале ништо ново.
2. Таг Облак (Tag Clouds)
Иако, во суштина, таговите се корисни за брзо пребарување на содржината на даден блог во повеќето случаи тоа не е така. Во повеќето случаи таг облаците се хаотични, особено ако имате повеќе од 100 тагови. Посетителот ќе забележи неколку тагови во целата таа каша и тоа оние кои се најчесто користени, односно изразени со најголеми букви. Остатокот од таговите никој разумен човек нема ни да се труди да го чита, особено затоа што времето поминато во разгледување на тагови е повеќекратно поголемо од времето да се отипка нешто во полето за пребарување и да се кликне ентер.
3. 100% хоризонтално
Ова можеби ќе ги изненади вебдизајнерите меѓутоа времето кога се користеше 100% од хоризонталниот простор веќе е далеку во историјата. Во денешно време на монитори со 1600х1200 пиксели резолуција да се користи 100% хоризонтален приказ е еднакво на инквизиција. Посетителот доколку се одлучи да прочита нешто ќе се осеќа како да е на тенис натпревар, како и не би кога за читање ќе треба да ја врти главата лево десно. Најголема дозволена широчина на блог би требало да биде 1280 пиксели и тоа во случај кога станува збор за блог од три колони, две менија и една колона за содржината.
4. Копчиња за зголемување-намалување текст
Некои ќе помислат дека ваквата опција е добра идеја, како и не би била кога им дава можност на посетителите да ја сменат големината на буквите. Меѓутоа таквото размислување е далеку од добро. Оние кои преферираат поголеми букви сосема сигурно во своите интернет прегледници (Firefox, Opera, итн) имаат наместено како и со која големина на букви ќе се прикажуваат страниците па оваа „згодна“ алатка станува излишна.
5. Разно-разни додатоци на сајдбарот
Без сомнение на интернет денес постојат многу солидни додатоци за блогови кои нудат тони бенефиции, и услуги за посетителите меѓутоа истите тие (особено оние најдобрите) со себе го носат и брендот кој секако е поголем од брендот на блогот па поради тоа успеваат да крадат од посветеноста на пребарувачите кои ја индексираат содржината на блогот, па наместо гугл да индексира некои за Вас битни делови од Вашиот блог тој ќе ги индексира додатоците на блогот.
6. RSS икони
Немам ништо против RSS икони доколку тие се во стандардна големина, што би се рекло не поголеми од 20×20 пиксели. Меѓутоа некои сметаат дека е згодно да стават огромни RSS икони кои нечесто се поголеми од логото на блогот. Знам дека е есенцијално секој блогер да има што повеќе претплатници на фид меѓутоа 1/3 од горниот дел на блогот е премногу, а ионака ако на некој му се допаѓа содржината ќе се претплати на RSS и тоа многу поверојатно ќе го направи преку самиот интернет прегледник (кликнувајќи на иконата во полето за адреса) затоа што е многу пофункционално, и нормално, секој корисник на интернет знае каде се наоѓа копчето па нема никаква потреба да го бара копчето/линкот поставен на блогот. Побрзо е и далеку поефикасно. Многу е безвезно да си имаат и дваесет блог RSS икони и тоа за секој RSS програм посебно. Не само што е безвезно туку е и мошне веројатно дека никој жив нема да се претплатува преку кликање на тие копчиња пред се затоа што ќе му треба извесно време да го пронајде она што планира да го користи, а на крај на краевите не ни има некоја гаранција дека ќе го има копчето баш за неговиот RSS читач. Многу поверојатно е дека ќе го користи веќе спомнатиот начин, со кликање на иконата во полето за адреса на самиот интернет прегледник.
7. Ако сте првпат тука размислете за претплата на RSS фидот на овој блог за да…
Дрн, дрн, дрн… Незнам како делува ваков текст на друг меѓутоа кај мене делува како пропаганда, особено затоа што се наоѓа на било која страница што ќе ја отворите на блогот, и тоа нападна пропаганда. Кога ќе налетам на блог кој го содржи овој текст веднаш се чуствувам иритирано.
8. Премногу шаренила, слики, додатоци
Блогот треба да биде чист. Треба да нема многу слики во менијата, не треба да има повеќе од 4 бои, дури и 4 е премногу, не треба да има многу додатоци. Впрочем најоптимален блог би бил во само 3 бои, во страничните менија не би имало повеќе од 5 сликички, не би требало да има ниту еден додаток од друга страница или еве ај еден нека има, потоа не би требало да биде начичкано менито со илијадници линкови, тагови, чуда…напротив доволно е само едно основно мени, категории, архива, линкови до пријатели и други страници кои сметате дека би биле корисни за секој втор посетител, и евентуално таг облак доколку немате повеќе од триесетина тагови, во спротивно заборавете.
Секако секогаш постои генијален дизајнер кој може успешно да ги вклопи сите овие непожелни елементи меѓутоа таквите се ретки.
Tags: блог, блог дизајн, дизајн






Нема Одговор
Одговори на овој пост: