Бизнис Етика
ВОВЕД
Зошто е важна етиката
Колку повеќе личноста ја познава етиката, толку повеќе се употребува и покорисна станува. – Платон.
Дебатите окулу етиката во бизнисот е стара колку и бизнисот. Секој менаџер, секој претприемач, секој одбор на директори без разлика каде се наоѓа, каде седи, во еден момент се соочува со донесување на одлука која ги соочува со нивниот етички стандард. Често донесуваните одлуки се косат со основните етички стандарди.
Евроспка производна компанија која пробува да се пробие на Азискиот пазар е замолена да „донира“ во добротворна организација раководена од братот на висок функционер во владата. Германска фармацевстка компанија ги подмитува миснистрите за здравство на неразвиените земји за да се купуваат нејзините лекови. Локална влада, надевајќи се нивниот град да биде избран за одржување на Олимписките игри овозможува локалниот универзитет да ги прима децата на членовите кои ќе гласаат за тој град. Американска интернет компанија ги продава информациите за онлајн навиките на своите муштерии без нивно одобрување и знаење.
Во секој од овие случаи менаџерите можат да се правдаат дека ги застапуваат интересите на акционерите. Пред една декада беше доволно да не се крши законот, меѓутоа денес, правилата на теренот се менуваат. Притисокот за етичко однесување расте во двете, развиените и неразвиените нации.
На пример: Една третина од муштериите во Обединетото Кралство сериозно се загрижени за етичките прашања кога купуваат, па така тие решаваат дали ќе го купат или бојкотираат производот според репутацијата на произведувачот. Истражувачката група МОРИ после направеното обемно истражување дојде до податоци дека секој четврти муштерија ја истражил социјалната политика на фирмата од кој купува, а секој втор продавач тврди дека купиле продукт и препорачале производ поради одговорната етичка и социјална репутација на производителот. Понатамошните истражувања покажале дека во последните години во Обединетото Кралство расте свесноста на граѓаните окулу етичките прашања, а како директна последица на тоа на пазарот направиле бум етички ориентирани продукти и услуги. Таканаречениот етички пазар последнава година вредеше цели 8 милијарди фунти, и енормно расте од година во година.
Етика: Добра за профит?
Спрема истражување од 1999 година направено од велшката фирма Prince of Wales Business Leadership Forum и австриската консултантска компанија Environics International Ltd., 40 проценти од 25000 испитаници во 23 држави мислат да ја казнат одредена фирма поради тоа што е „социјално неодговорна“; половина од нивните испитаници (еден во пет потрошувачи на светско ниво) одбегнувале производ од одредена компанија или пак им зборувале на други за лошата социјална и етичка одговорност на компанијата. 90 % од испитаниците одговориле дека ќе „наградат“ фирма која е етички и социјално одговорна така што ќе ги купат нивните производи.
Менаџерите, управувачите ги читаат овие извештаи и сфаќаат дека линијата е повлечена повисоко. На пример: Nike, водечката светска фирма во производтсво на спортска опрема пред неколку години имаше пад во продажбата поради информации што ги објави Ројтерс, а се однесуваа на нивните фабрики во Индонезија каде што работат деца од 14-16 години, кои биле дури и физички малтретирани од менаџерите. Неколку месеци подоцна одборот донесе одлука да се забрани вработување на малолетници во нивните фабрики. Фирми од различни големини, особено мултинационалните, повеќе се заинтересирани за поголем профит, и линијата за етичко однесување им е поставена ниско, но во последната деценија под притисок на јавноста концептот на бизнис етика од академска дисциплина се трансформира во оперативна сила. Се повеќе профитот на компанијата зависи и од нејзините етички стандарди особено во време на интернет каде што веста за неетичко однесување за еден ден го минува целиот свет, а голем број од потенцијалните купувачи можат да го бојкотираат производот поради лошата (неетичка) политика на компанијата. Поради овие причини „етичкото и одговорно однесување“ може да биде иднина во работењето само затоа што исправните постапки се и профитабилни постапки.
Двегодишна студија направена од The Performance Group, конзорциум од седум интернационални фирми - Volvo, Unilever, Monsanto, Imperial Chemical Industries, Deutsche Bank, Electrolux и Gerling – дојде до заклучок дека со воведување на еколошки производни процеси, и развој на еколошки производи ќе се зголеми вредноста на акциите, ќе се зголеми профитабилноста и ќе игра значајна улога во добивање на нови договори или одобрување на инвестиции на различни пазари во светот. Понатаму, студија од 1999 година, направена и објавена во US Journal, под наслов Business and Society Review, покажа дека триста големи корпорации кои јавно се задолжиле да се придржуваат до етички принципи оствариле два до три пати поголеми приходи од кооперации кои не го направиле тоа. Во 1997 година студија која произлезе од DePaul Универзитетот покажа дека претпријатијата кои имаат дефинирано план за етичко однесување и принципи постигнале подобри финансиски резултати од оние претпријатија кои немаат дефинирано етички принципи во работата.
Глобализацијата секојдневно наметнува нови стандарди, нови прашања, дискусии, од кои повеќето не ни постоеја ниту пак некој размислуваше за нив пред само неколку години. Дебати за етичкиот кодекс сега вклучуваат дискусии од генетски модифицирана храна и животни, преку клонирање на човек, до приватноста на интенет. Глобализацијата ги доведе компаниите до пофреквентен контакт со други држави и култури кои работат според поинакви правила. Тоа повлече нови прашања, како „За чија етика ние говориме?“
Компаниите допрва учат дека со ширењето на фирмата на нови профитабилни пазари треба да почнат да ги земаат во предвид и социјалните (општествени) агенди и култури на тие нови пазари. Иако сеуште не постои глобален (светски) етички стандард, неколку стандарди беа промовирани од the Paris-based International Chamber of Commerce (ICC), Обединетите Нации и US Department of Commerce. Секако, од нација до нација, етичките принципи се разликуваат, меѓутоа има и универзални принципи, како на пример: добрата репутација на компанијата овозможува предност во глобалниот биснис. Како се гради таа репутација е сосема друго прашање.
ИСТОРИЈА
Зошто биснисот има етички проблеми
Релативноста се однесува на физика, а не на етика. – Алберт Ајнштајн.
Ние живееме во ера каде „Капетаните на Индустријата“ станаа лица на насловните страници од вестите, економските магазини, дури и тв сериите. Многу аналитичари веруваат дека статусот на славни личности на многу претприемачи, менаџери влијае штетно по компаниите затоа што тие се позагрижени за нивниот личен имиџ отколку за долгорочната политика на претпријатието. Секако не беше отсекогаш вака и сеуште не е во сите општества. Во САД, на пример сите знаат кој е најбогатиот американец (Бил Гејтс), негова слика во весниците се појавува секоја недела. Во Шпанија, од друга страна, за Амансио Ортега ретко кој знае, има само една негова слика објавена во медиумите до сега, а тој е најбогатиот шпанец и осми по богатсво човек во светот. Впрочем уште од зората на историски записи со сигурност се знае дека трговците, бизнисмените, продавачите, се на најниското скалило на етичкиот кодекс. Бизнисот и добрината се сметаше дека не одат заедно, дека взаемно се исклучуваат. Карл Маркс напиша дека алчноста е фиксна особина на човештвото. Очогледно е дека тоа е така, ако и има една константа во историјата тоа е борбата против други луѓе за нивно искористување, грабеж и сл. Почнувајќи со Кодот на Хамураби во 18 век пред новата ера општеството се обидува да одигра значајна улога во воспоставувањето на основни стандарди на етичко однесување и одговорност во бизнисот. Хамураби (1810 пне – 1750 пне) беше Крал на Вавилон кој се смета за првата светска метропола.
Кодот ги регулира со исклучително чисти термини правилата (законите) во општеството – и бизнисот. Нема воопшто да биде грешка ако го земеме за прв корпоративен етички код. Со кодот трговците, продавачите биле принудени да ги пратат правилата – или. Лошите бизнис практики биле строго казнувани по старото - око за око. На пример, ако некој мајстор изградел куќа лошо и таа се срушила убивајќи го сопственикот, тогаш мајсторот се казнувал соодветно – со убивање. Ако загинал и синот на сопстевникот – тогаш бил убиван и синот на мајсторот. Тука се појавиле и првите проблеми во одбрана на етичкото однесување.
Античка Грција
Античките грци го продолжиле трендот на бизнис-луѓето да гледаат како на личности со нечесни намери и мотиви. Хермес, грчкиот бог на пазарот и трговијата беше официјален патрон на трговците и занаетчиите. Но, Хермес исто така беше сметан и за официјален патрон на крадците. Основни одлики на Хермес биле знаење, креативност, инвентивност - сите овие се значајни карактеристики во светот на бизнисот – и криминални активности. Тој бил најбрзиот од боговите (Хермес во рисмката митологија станал Меркур) и една од главните задачи му била водење на душите на мртвите во Подземјето. Неговите лаги и илузии ги претворија оние што дојдоа во контакт со него во најраните жртви на измама.
Најголемите светски религии
Уште од нивниот постанок најголемите религии во светот советуваат за потребата на етиката во бизнисот. Светите книги се преполни со предупредувања за богатство акумулирано со неетичко однесување и неодговорна работа во рамките на општеството.
На пример во Библијата, Book of Exodus (23: 6–8), има предупредување окулу „подмачкување на тркалата“ со кеш: “Thou shall take no bribe, for a bribe blinds the officials and subverts the cause of those who are in the right.”
И Ecclesiastes (5:12) предупредува за преголем успех во бизнисот: “Sweet is the sleep of the laborer whether he eats little or much; but the overabundance of the rich will not let the rich sleep.”
Исламската света книга, Коранот (Surah CIV) на неетичкиот бизнисмен му обезбедува карта во еден правец во Хад (Пеколот): “Woe to every slanderer, defamer who amasses wealth and considers it a provision against mishap. He thinks that his wealth will make him immortal. Nay, he shall most certainly be hurled into the crushing disaster.”
И еврејскиот Талмуд е обавезна лектира за секој бизнисмен кој планира да се пензионира во Рајот. Талмудот ни кажува какви типови на прашања им се поставуваат на луѓето од страна на Господ после нивната смрт. Прво прашање според Талмудот е : Nasata V’netata Be’emunah - “дали работеше чесно?”
Бизнисот во литературата
Вилијам Шекспир во книгата „Трговецот од Венеција“ карактерот Шилок го опиша како бескруполозен човек. Шилок беше човекот кој алчно бараше “фунта месо“ како отплата за долгот. Впрочем Шекспир бил на мислење дека бизнисмените се неетички луѓе, или како што тој ги нарекувал unethical lowlifes.
Чарлс Дикенс говорел за хоророт на sweatshops , искористување на децата како работна сила, затворите за должниците, во дела како „Приказна за два града“ и „Божичен Карол“.
Оноре де Балзак, познат писател и философ од Франција често пати повторувал „Позади секое големо богатство… се наоѓа криминал“.
Емброз Бирс е американски сатиричар кој твореше во 19 век. Има напишано многу кратки раскази меѓутоа најпознат е по својот сатирички речник “the Devil Dictionary” во кој на хумористичен начин дава објаснувања на дадени зборови. Речникот своевремено бил објавуван во дневен весник, а подоцна сите дефиниции се собрани во едно дело. Бирс е голем борец за правда, морал, етика, единствениот кој бил на страната на индијанците и кинезите. Интересно, во неговиот сатиричен речник придавката НЕКАЗНИВ е објаснета со само еден збор „богат“. (Неказнив, прид. Богат), а зборот БОГАТСТВО е дефинирано како „Заштедата на многумина во рацете на еден“.
Понова историја
Со доаѓањето на индустриската револуција дојдоа и поголеми заработувачки. Така во средината на 19 век беа создадени огромни богатства од успешни бизнисмени кои често беа нарекувани, сосема оправдано, „Пљачкашки Барони“ (Robber Barons). Тие безмислосно манипулираа со финасиските пазари, а монополска тактика, предаторски цени, и скоро робовски услови за работа беа практика на нивните големи бизниси. Постоеше причина за стереотипот според кој капиталистите беа опишувани како дебели, преоблечени белци кои пушат пури, со срце од камен и без ниакво чувство за општествена одговорност. Остатоци од оваа ера на бизнис неодговорност сеуште може да се почувствува.
Форд Пинто и Глобалниот Етички Бум
Се до седумдесетите години на XX век бизнис етиката не беше тема на разгледување од страна на јавноста, а во САД владееше општото мислење дека „се што е добро за Џенерал Моторс е добро и за земјата“. Таквиот менталитет на јавноста се смени во седумдесетите години благодарение на Форд Мотор Компани (Ford Motor Company) и неславниот автомобил Форд Пинто.
Пред да стане познат по спасувањето на Крајслер од банкрот Ли Лакока (Lee Lacocca) беше претседател на Форд. Зголемениот пазар, односно побарувачка на мали автомобили беше причина за Форд (и Ли) да се конструира мал автомобил. Идејата беше да се создаде возило кое нема да биде потешко од 800 килограми и нема да чини ниту цент повеќе од 2000 долари. Автомобилот беше брзо конструиан и уште побрзо пуштен во производство што донесе големи дизајнерки грешки и мани што на крај го доведоа Форд пред суд.
Откако е пуштено возилото во продажба во Форд е откриен голем дефект во дизајнот на Пинтото. Резервоарот за бензин беше сосема небезбеден и во најголем број на случаи на удар во задната странична страна на автомобилот доаѓа до експлозија.
Претседателот со менаџерите на Форд направиле анализа на трошоците и утврделе дека поради зацврстување на резерварот со гориво Форд ќе изгуби 137 милиони долари годишно (11 долари по автомобил). Потоа пресметале дека небезбедниот резервоар ќе предизвика 180 смрттни случаи, 180 сериозни повреди од изгореници, и 2100 запалени возила. Пресметале дека ќе мораат да платат по 200000 долари за смрттен случај, 67000 долари за повреда, и 700 долари по возило. Така дошле до сума од 49,5 милиони долари. По пресметка утврдиле дека поисплатливо (поефтино) им е да одат на суд и да платат оштети отколку да ги поправат автомобилите. Оваа одлука на Форд воопшто не го вреднува човечкиот живот и затоа подоцна на суд биле исплатени многу поголеми суми на пари по човечки живот и повреди.
Меѓутоа ниту претседателот, ниту менаџерите кои ја донеле таа одлука (поради која биле изгубени многу човечки животи, а посреќните поминале само со повреди) не одговареле кривично за убиство, поточно за убиства и нанесување телесни повреди.
Ваквата политика на Форд, а и на америкаснкиот суд кој не ги гонел кривично одекнува како експлозија во светот. Затоа во денешно време сосема е оправдан скептицизмот на одредени индивидиу кои сметаат дека бизнисот воопшто не познава етика, а и самата владата ги штити бизнисмените, впрочем случајот со Форд Пинто е доволен доказ дека масовно убиство може да помине само со парична казна кога се работи за бизнис.
Како и да е во наредните години почна многу да се говори за етиката во бизнисот, а потрошувачите почнаа многу повеќе да се запознаваат со произведувачите на добрата кои ги купуваат.
Сепак во светот сеуште остана впечатокот дека бизнисот не знае за етика, а владата не знае за правда кога е бизнисот во прашање и тоа мислење преовладува се до денешен ден. Впрочем Емброз 120 години пред овој случај го дефинира зборот „неказнив“ како „богат“ во својот речник (Неказнив, прид. Богат)
The Big One – Вистинскиот Етички Бум
Сепак во медиумите политиката на Форд воопшто не се најде помеѓу ударните вести, а голем број од нив не ја ни емитуваа веста за ваквото однесување на автомобилскиот гигант. Ова може да се препише на големата финансиска моќ на Форд која освен на медиумите очигледно се протега и на судските органи.
Приказната за Форд остана заташкана, беа исплатени повисоки премии, и се доби впечаток дека со парите може да се купи се.
Но приказната за Форд беше само почеток, следниот удар на бизнисмените им беше зададен токму од медиумите, прво во пишаните (кој што не оствари некое поголемо влијание) а потоа и преку телевизијата која уште еднаш се докажа за најважен медиум преку кој и дефинитивно може да се влијае.
Во 1995 година новинар на Ројтерс направи сторија за политиката на Nike во Индонезија која го размрда светот уште еднаш. Се покажа дека светскиот гигант во производство на спортска опрема воопшто не дејствува спортски. Во неговите фабрики во Индонезија вработените добиваат помалку од минимална плата (дваесетина долари месечно) но и физички и сексуално се казнувани и малтретирани доколку не ја исполнат нормата која ретко кој од вработените може да ја исполни затоа што е поставена многу високо. Освен тоа голем број од вработените се деца од 12 до 16 години. Најк го искористува своето влијание и приказната освен на страниците на Ројтерс не се појавува никаде.
1997 година е годината кога Nike конечно ќе потклекнат и ќе ја променат својата политика во Индонезија благодарение на Мајкл Мур и неговиот документарен филм “The Big One“ во кој ги критикува големите компании за нивната политика на отпуштање на вработени, преселба на фабрики, а нивните правдања во смисол „опаднал профитот“ ги исмева затоа што нивниот профит е во милијарди. Во филмот ги обвинува за малтретирање и искористување на вработените во Индонезија, како и за експлоатација на деца, впрочем во интерју со сопственикот на Nike ќе го користи нивниот слоган “Just Do It”. Шест месеци подоцна Nike излегоа во јавност со информација дека ја смениле политиката во Индонезија.
За жал не ја сменија политиката во Виетнам, Малезија и ред други источни држави. Nike и ден денес е подлежен на напади од страна на организации за заштита на човечките права, и од организации за заштита на правата на вработените.
Во 2000 година Универзитетот во Портланд формира организација за правата на вработените (Worker Rights Consortium) која во програмата покрај другото беше и запознавање на јавноста со етичките проблеми и бојкотирање на производи од произведувачи кои не ги исполнуваат и почитуваат рабоничките права. Набргу бројот на универзитети кои се приклучија во оваа организација порасна на 11.
Следниот месец Nike го откажа спонзорството на сите 11 универзитети, поточно на нивните универзитетски тимови. Со самиот акт Nike призна дека во нивните фабрики има прекршувања на етиката, односно на правата на работниците.
Жалбите на универзитетите не беа сослушани, но не беше прифатена ниту уцената на Nike од типот „затворете ја организацијата за права на вработените или нема опрема“.
Организацијата продолжи со работа и секоја година објавува листа на безбедни производи, односни производители кои држат до етиката, но објавува и срамна листа на 10 производители кои треба секој човек да ги бојкотира поради нивната неетичка политика. Во 2008 на листата во Америка се најдоа: American Eagle, Carrefour, Cintas, Dickies, Disney, Guess, Hanes, New Era, Speedo, Tommy Hilfiger, Toys “R” Us, and Wal-Mart.
Загрижувачки е што едно претпријатие како Дизни кои претежно произведуваат производи и услуги за најмладите се најде на листата на срамот. Недозволиво е фирма која е на листата на срамот да влијае врз едукацијата на најмладите.
SweatFree Конзорциум и др. организации
Во 2003 година е формирана SweatFree Communities од страна на anti-sweatshop организации во Мејн, Минесота, Њујорк, Висконсин и на други места кои дотогаш работеа самостојно на кампањи со кои пробуваа да ги убедат школите, градовите, државите, провинциите да се приклучат кон нивната организација и да не купуваат производи од производители кои важат за sweatshops, односно од претпријатија кои ги загрозуваат правата на вработените и експлоатираат деца.
Полека се изгради национално движење кое стана многу појако и политички повлијателно и во наредните години придонесе во многу држави да се донесат закони за поголема заштита на вработените.
Мотото на оваа организација е: „Sweatshops are commonplace in the global apparel industry. But joining together we have the power to create change.“
Благодарејќи на нивните кампањи многу школи, универзитети, општини, градови, држави се приклучија кон нивната политика на бојкотирање на производители кои ги загрозуваат етичките начела и почнаа да набавуваат производи од фирми кои кон вработените се однесуваат како кон луѓе, каде личностите се почитуваат, нивните права се гарантирани, платите се доволни големи за солиден живот, а нивиот глас се слуша и почитува.
Во Март 2007 SweatFree Communities направија историски собир на активисти за човекови права и јавни личности кои се сложија да оформат Републички и Општински Sweatfree Конзорциум, кој освен кампањи ќе се вклучи и во мониторинг на фабрики.
Во денешно време освен Sweatfree Конзорциумот постојат уште многу вакви организации, особено во западниот свет. Со глобализацијата нивниот број секојдневно се зголемува, а со тоа се зголемува и бројот на активистите. Такви се: United Students Against Sweatshops, Мaquila Solidarity Network, No Sweat, Worker Rights Consortium, Fair Labor Association, Global Exchange, Campaign for Labor Rights, Coalition for Justice in the Maquiladoras, International Labor Rights Fund, National Labor Committee, Sweatshop Watch, UNITE HERE, United Students For Fair Trade, U.S. Labor Education in the Americas Project и др. Worker Rights Consortium денес брои 72 универзитети и колеџи, додека Fair Labor Association има дури 174 зачленети универзитети.
Зошто постојат sweatshop-ови
Sweatshop-ови постојат бидејќи транснационалните корпорации се насочени кон пронаоѓање на најефтиниот можен труд – без никаква хуманост, или било какви човечки, етички вредности. Индустрискиот притисок за зголемување на профитот на акционерите, и претворање на извршните органи во милионери е само причина повеќе. Корпорациите тврдат дека се приморани да го преселат производството на Исток за да бидат конкуретни, меѓутоа вистината е дека ги интересира само профитот. Впрочем затоа и преселбите во земји каде што платата е многу ниска, а синдикати воопшто нема или се корумпирани.
Здравјето Бизнис
Колку владата и бизнисмените (вклучувајќи ги и менаџерите) се грижат за луѓето, колку морал и етика поседуваат може да се заклучи ако се разгледа здраствениот систем во „најдемократската“ држава во светот. Земјата на слободните, земјата во која секој може да успее, земјата која ја диктира светската политика, Соединетите Американски Држави. Во САД здравјето е бизнис. Толку голем бизнис што акциите на здраствените фондови енормно растат, извршните директори и менаџери станаа милионери, а некои од нив и милијардери. Ако сте доктор во САД и сакате да напредувате заборавете на свечената заклетва дека ќе помагате на секој кој има здраствен проблем затоа што така ќе останете без работа. Етика? Морал? Заборавете. Нема таму пари. Се почна од Никсон далечната 1971 година кога е предложен и одобрен нов здраствен систем кој всушност ја намалува грижата за болните. Иако реално новиот систем нее подобен за граѓаните владата преку медиумите и кампањите го убедува американскиот народ дека новиот систем е подобар. Прв голем борец против овој систем е Хилари Клинтон која се залага за универзален здраствен систем но нејзината идеја е сатанизирана до толку што дури и е забрането во наредните 7 години да го повлече тоа прашање. 15 милиони долари се потрошени на кампањи против овој предлог кои во суштина се базираат на заплашувања и лаги. 7 години подоцна на сметка на Хилари Клинтон се префрлени 715,000 долари преку лоби групи, со што е заќутен и најголемиот борец за човечки права во САД, и не само што е заќутен туку Хилари отогаш наваму ги брани интересите на Американската Асоцијација на Доктори. Доктор Линда Пино беше вработена во еден од најголемите здраствени фондови во САД, Хумана. Ја напушти работата затоа што не и се допаѓаше начинот на водење на бизнис на Хумана, цитирам: „Гледате одреден случај или предмет и почнувате да барате начини да го одбиете за да заштедите пари на фондот. Мислам тоа е вашата цел. Гледате во текст кој кажува дека има исклучок и си викате “ХА ХА… ова е прекрасно, ова е технички одбиено”. Докторот со најголем процент на одбиени случаи добива бонус. Тоа е начинот на кој тие го поставија системот. Така тоа функционира. Тие би требало да бидат фер, непристрасни, да помагаат, меѓутоа здраственото осигурување е приватно и тоа се нивни пари. Така да тоа не е ненамерно, тоа не е грешка, тоа не е пропуст, вие не се лизгате низ пукнатина, некој ја прави таа пукнатина и ве турка низ неа. А намерата е да се максимизира профитот. Гледајќи наназад не знам дали сум убила некого, дали сум направил штета на луѓето? Направив. Направив. Не сум работела за нив долго време и не мислам дека тоа служи за покајување поради учеството во сета таа прљавштина. Мило ми е што сега сум надвор од тоа“.
Линда Пино направи и јавна прес конференција на која го кажа следново: „Моето име е Линда Пино. Денес сум овде за да дадам јавно признание. Пролетта 1997 година како доктор во Хумана му одбив на еден човек неопходна операција која би му го спасила животот и така го осудив на смрт. Ниедна личност или група не ме терети за ова, затоа што она што го направив и заштеди на компанијата пола милион долари. Понатаму, тоа што го направив ми осигура репутација на добар медицински оценувач и ми осигура напредување во подрачјето на здраствена нега. Напредував од неколку стотини долари неделно до шесттоцифрени бројки како менаџер. Во мојата работа јас имам само една примарна цел, а тоа да ја користам мојата стручност во медицината за финансиска корист на организацијата во која што работам. И стално ми говореа како јас не одбивам нега, туку само едноставно го одбивам плаќањето. Знам како манипулацијата со здраствената нега го изморува и убива пациентот. Затоа сум овде да ви кажам за нечистата работа на организациите кои треба да пружаат нега и да се грижат за здравјето на луѓето. Денес ме прогонуваат илијадниците документи на кои го напишав смртоносното ОДБИЕНО. Благодарам.“ Како стигнавме до овде: Како стигнавме до овде каде здраствените фондови и докторите се одговорни за смртта на луѓето?
1971 година. Снимен разговор помеѓу тогашниот претседател на САД, Никсон и Ehrlichman:
Никсон: Да те прашам. Знаеш дека не сум баш заинтересиран за било кој од тие проклети медицински програми.
Ехрилчмен: Ова е приватен програм.
Никсон: Па, тоа ми се допаѓа.
Ехрилчмен: Едгар Каисер го води неговиот Permanente deal поради профит.
Никсон: А која е причината поради која што може?
Ехрилчмен: Едгар Кајсер беше кај мене, разговаравме за тоа. Целата работа е во пружање на што помала медицинска нега, затоа што со што помалку пружање на нега заработуваат повеќе пари.
Никсон: Фино.
Неколку месеци подоцна Никсон држеше говор пред нацијата за новиот систем, кој наводно бил предложен од него, а притоа не можеше а да не каже дека сака Америка да има најдобар здраствен систем, дека сака сите американци да ја имаат најдобрата медицинска нега во светот.
Етика во бизнисот?
Очигледно дека етиката од бизнисот е многу далеку. Впрочем кога на вакви прашања како здравјето на луѓето никој не се грижи за етика, морал тогаш јасно е скоро се. Кога самата држава не се грижи за граѓаните туку се грижи за капиталистите не може ниту да станува говор за некоие етички и морални вредности. И се додека државата застанува на страна на профитот не може да се расправа за етика во бизнисот. Може да се говори за неетичко однесување, за неетички одлуки, за неморал, за профит, но никако за етика и морал. Може само да се критикува, да се бори против тоа, меѓутоа како е системот поставен сосема е очигледно дека борците за морал и етика завршуваат како социјални случаи, додека оние што пропагираат неетика спакувана во шарени лаги профитираат.
Етика, Личности, Култури
Се што е потребно за злото да триумфира е добар човек да не прави ништо. – Edmond Burke
Корпорациите се создадени од луѓе и ултимативно индивидуата е соочена со донесување на одлуки. Профит или етика? Покрај се поголемиот јавен интерес за етиката, покрај се поголемата борба за човечки и работнички права, нагонот за остварување на поголем профит по секоја цел останува. Секој ден општеството плаќа голема цена за одлуките – двата етички и неетички – на нивните членови.
Но не секогаш индивидуата одлучува за политиката на претпријатието. Во многу случаи тоа е одборот на директори, така еден човек со морални и етички вредности не вреди ништо затоа што е надгласан од оние кои сакаат само профит, а уште поверојатно е дека тешко човек со етички и морални вредности може да стане член на одборот на директори затоа што до директор се стигнува со остварување профит, а низ историјата и денес е на повеќе пати докажано дека профитот и етиката не одат рака под рака. Така е со Форд, така е со Nike, Adidas, Sony, Samsung, Siemens, Здраствените фондови и осигурителни компании, така е дури и со Дизни, оној детски Дизни кој треба да ги забавува и учи нашите деца, децата од цел свет.
Различни култури во светот имаат различни кутурни вредности, а со тоа и различни морални и етички вредност. Меѓутоа сите култури се сложни во неколку работи како што се: не убивај, не лажи, не кради, не поткупувај, итн. Затоа може слободно да се каже дека во светот на глобално ниво владеат одредени стандарди за тоа што е етички, а што не.
Етички Персонален Тест
Светската Банка состави етички тест со кој секоја личност може да се тестира и да ги дознае своите етички и морални вредности во светот на бизнисот. Тестот е составен од 17 прашања на кои треба да се одговори со ДА или НЕ, освен на 11-то и 12-то прашање.
1. Дали приватниот сектор треба примарно да се фокусира на максимизирање на профитот?
2. Треба ли приватниот сектор да се грижи за нивниот ефект врз општеството?
3. Дали етичкиот код на организацијата е исто што и мисијата на компанијата?
4. Дали практикувањето на етиката во бизнисот овозможува поголем профит?
5. Дали етичкиот код во една организација одзема ресурси од други, попрофитабилни решенија?
6. Дали финансискиот резултат е примарен фактор за инвеститорите?
7. Дали да се биде етичка личност е доволно за да се биде „добар“ менаџер?
8. Дали растот на медиумите и глобалните вести имат удел во етичкото водење бизнис?
9. Дали вработените можат сами да делуваат етички?
10 Дали тренинг семинари за етика имаат влијание врз нивното етичкото донесување одлуки?
11. Дали луѓето се однесуваат етички поради нивниот личен етички интегритет или поради надворешното влијанието на државата или работодавецот?
12. Колку е важна посветенеста од лидерите на организацијата за креирање на етичка клима?
13. Може ли организација да донесува легални (законски) одлуки и во исто време да биде неетичка?
14. Дали организација треба да излезе јавно за инцидент на неетичко однесување?
15. Дали организацијата треба да сноси одговорност за неетичкото однесување на нејзините вработени?
16. Бидејќи за „етичко однесување“ примарно во организација се задолжени постарите менаџери, дали одборот на директори сноси одговорност во оваа област?
17. Дали примарниот фокус на етичкиот програм на една организација треба да биде и легално компактибилен?
ОДГОВОРИ:
1. Не
2. Да
3. Не
4. Да
5. Не
6. Не
7. Не
8. Да
9. Не
10. Да
11. Двете причини влијаат, и личниот интегритет и надворешните фактори.
12. Таа е од клучна важност.
13. Да
14. Да
15. Да
16. Да
17. Не
Интересно е што некои луѓе воопшто не ја прифаќаат етичката програма на Светската Банка и ММФ. Впрочем како и би можеле кога во последните 50 години поради акциите што ги презема Светската Банка и ММФ страдале 4 милиони луѓе.
„Светската Банка и ММФ секој ден донесуваат одлуки што влијаат на животот на илијадници луѓе, индијанци. Индијанците скоро никогаш не ги консултираат. Во последните 50 години Светската Банка одобри проекти што доведоа до катастрофални резултати за голем број на луѓе во светот. Според пресметки на Свестката Банка до 1996 година отфрлени се 4 милиони луѓе, повеќето од нив индијанци.“ – Survival International Press Release, September 20, 1998
Етички Менаџмент Програми
Малку луѓе имаат етички и морални вредности за да не се продадат на оној кој нуди најмногу. – Џорџ Вашингтон
Бенефиции и Карактеристики
Бенефиции од етички менаџмент програм во една организација има многу меѓутоа тие може да се сместат во 10 точки и тоа:
1. Бизнис етиката континуирано го подобрува општеството,
2. Етичките програми овозможуваат да се задржи морален курс во бурни времиња,
3. Етичките програми ја подобруваат тимската работа и продуктивноста,
4. Етичките програми овозможуваат напредок на вработените,
5. Етичките програми се осигурителни полиси – тие осигуруваат легалност,
6. Етичките програми овозможуваат да се избегнат криминалните активности и осигуруваат пониски казни,
7. Етичките програми помагаат во менаџирањето,
8. Етичките програми промовираат одличен јавен имиџ,
9. Други бенефиции од етички програм (ја зацврстуваат довербата помеѓу индивидуи и групи, ја зацврстуваат културата, го зголемуваат квалитетот и стандардот, испраќаат добра порака како до вработените така и до потрошувачите,
10. Последно – и најважно – етичките програми се она што и треба на секоја организација.
Даг Валас смета дека високо етички ориентирана организација треба да ги поседува следниве шест карактеристики :
1. Постои јасна слика на визија и интегритет во целата организација
2. Визијата е составена и освежувана (од време на време) од страна на најдобрите менаџери
3. Системот на наградување е поврзан со визијата на интегритет
4. Политиката и практиката на организацијата е во симбиоза со визијата; без миксани пораки
5. Се подразбира дека секоја значајна менаџерска одлука е етичка
6. Се очекува сите да работат на етички перспективи и вредности.
Градење на Ефективен Етички Програм
Организациите може да ја менаџираат етиката на работното место со поставување на етичка менаџмент програма. Брајан Шраг, Секретар во Association for Practical and Professional Ethics појаснува: „Типично, еичките програми често користат кодови и правила како водич за донесувањето одлуки и однесувањето во организацијата, и може да вклучуваат тренинг и евалуација, во зависнот од организацијата. Тие овозможуваат насочување при етички дилеми.“ Ретко две програми се слични.
„Сите организации имаат етички програми, но повеќето не ни знаат дека имаат“ – напиша Професорот по Бизнис Етика Стивен Бренер во Journal of Business Ethics (1992, V11, pp. 391-399).
Боб Дун, Претседател и CEO на Francisco-based Business for Social Responsibility додаде: „Баланс на вредностите и нивно препознавање е базична цел на етички менаџмент програм. Бизнис луѓето имаат потреба од повеќе практични алати и информации за да ги разберат низните вредности и како да ги менаџираат.“
Организациите не ги создаваат етичките програми за забава. Со растот на мислењето дека организациите имаат општествени одговорности и постојаниот притисок од разни владини и невладини организации креирање на етички програм е практично обврзно.
Основни елементи на етичка менаџмент програма се:
1. Изјава за вредностите во организацијата и нејзинете насочувачки принципи,
2. Дефиниција на етичките и коруптивните принципи,
3. Обврски и стандарди,
4. Директиви за персонално и професионално однесување,
5. Афирмација на еднаквоста и фер однесувањето,
6. Политика на организацијата за подароци и конфликт на интереси,
7. Рестрикции за користење на сопственоста на организацијата за лични цели,
8. Насочување за користење на информациите, јавни настапи и сл.
9. Идентификација на различни коминтенти и нивните права,
10. Механизми за поставување на програмата,
11. Лична одговорност,
12. Совети за интерпретација и имплементација на програмата.
Етичката програма треба да е повеќе од нафрлани правила; треба да вклучува изјава на организацијата за нејзините “core values ”. Во случај организацијата/претпријатието да нема таква изјава тогаш првата реченица што треба да ја напишат на хартија е токму оваа изјава. Целата програма треба да се темели врз оваа изјава.
Кодот на однесување мора да овозможи јасни патишта за етичко однесување кога искушението за неетичко однесување е најсилно. Потенцирањето во кодот на однесување дека примање мито е неприфатливо е безкорисно доколку не е во придружба со насочување окулу примањето подароци.
Да се биде премногу генерален, премногу чуствителен или политички коректен само ќе ја влоши интерпретацијата на етичката програма. Очигледно е дека секоја личност на која ќе му биде доверена задачата за пишување на етичка програма треба да ги поседува етичките вредности и да ги познава осетливите етички норми во општеството, организацијата и културата каде што е сместена организацијата. Но пишувањето на програмата е многу повеќе од зборови на хартија. Доволно е само една неразрешена етичка дилема во програмата и целосната програма може да биде отфрлена од страна на вработените. Изброт на менаџерот (менаџерите) кои ќе ја пишуваат програмата е од клучна важност исто така. Доколку етичката програма е напишана од страна на менаџер (менаџери) кои немаат етички и морални вредности или пак имаат ама тие се на ниско ниво, не може да се очекува од вработените да ја пратат таа програма затоа што кај нив ќе се створи револт од таквиот код, напишан од неетичка личност. Затоа најдобро решение за оваа задача би бил лидерот во организацијата без разлика на кое работно место е. Тој е човек во кој работниците имаат доверба, го почитуваат и ценат, па во голем дел ќе го почитуваат и ценат етичкиот код напишан од него. Многу организации веќе ја направиле оваа грешка па програмата наишла на неодобрување, а вработените биле иритирани.
Друга причина поради која вработените не ја прифаќаат етичката програма е тоа што тие не биле вклучени во нејзиното настанување. Затоа е потребно во текот на настанувањето на кодот да се направат неколку пробни (тестни) верзии кои ќе бидат пуштени помеѓу вработените, а тие ќе можат да даваат критики, забелешки и идеи. Вработените мора да бидат вклучени, и да се чуствуваат како творци на етичкиот код, а со тоа се овозможува и безболно прифаќање на етичката програма, како и обезбедување на повеќе идеи и решенија, впрочем сосема е јасно дека „повеќе глави мислат подобро.“
Програмата треба на сите вработени и менаџери да им објасни како да ја користат. Есенцијално е да се има објаснувања, дури и телефонска линија на која би можеле да се обратат за совет за евентуална етичка дилема или интерпретација на одреден дел од програмата. Добра етичка програма мора да има и можност за доставување на нови сугестии, критики за да може програмата да се update-ува по потреба. Освен тоа секоја програма треба да вклучува и модел за донесување на етички одлуки, примери за одредени ситуации и сл.
Во глобала програмата треба да биде:
• Лесна за разбирање,
• Практична и релевантна за секој бизнис и георграфски пазар,
• Доволно разработена но не и премногу детална,
• Добро напишана
Пред да се седне со пишување на етичка менаџмент програма менаџерите во организацијата треба да си ги постават следниве прашања:
1. Што сакаме да постигнеме?
2. Зошто ова е важно за нас?
3. Како изгледа успехот на ова поле?
4. Која е целна група?
5. Кои се области на акција на нашата организација?
6. Кои неетички одлуки и акции нашата организација сака да ги спречи и како тие можат да се спречат?
7. На кои типови етички проблеми и дилеми можат да се соочат вработените во нашата организација?
8. Како може да се решат конфликтните принципи?
Анкета од 1999 година направена од страна на големи глобални корпорации покажа дека најчесто во етичката менаџмент програма се опфаќаат следниве прашања (наброени според фрекфенцијата):
1. Мито
2. Конфликт на интереси
3. Безбедност на информации
4. Примање подароци
5. Еколошки цели
6. Сексуално малтретирање
7. Недоверба
8. Безбедност на работа
9. Политички активности
10. Доверливост на персонални информации
11. Човечки права
12. Приватноста на вработените
13. Непотизам
14. Експлоатација на деца
Тренинг
Етичкиот програм е безкорисен доколку членовите/вработените во арганизацијата не се тренираат на тоа поле, доколку не научат како функционира и кои се нивните улоги во програмата. Тренингот подразбира вклучување на вработените во процесот на изработка на етичката програма, отворени разговори за програмата, но најделотворно е поставувањето на комплексни етички дилеми и нивно решавање со учество на вработените. Тоа може да се прави на разни семинари, или во конферециската сала на организацијата каде што ќе бидат поставувани етички дилеми и потоа решавани со партиципирање на вработените, менаџерите и одборот на директори. Од клучна важност е учеството на сите вработени, од директор до портир поради пораката која се испраќа до сите вработени во организацијата. Многу е важно сите вработени да добијат копија од програмата, а во некои случаи треба да се испрати копија и до коминтентите.
Сепак најдобар тренинг е однесувањето на лидерите.
Референтна Литература
Книги
• A Short Course in International Business Ethics: Combining Ethics and Profits in Global Business, Charles Mitchell, World Trade Press © 2003
• The Business Ethics Activity Book: 50 Exercises for Promoting Integrity at Work, Marlene Caroselli, AMACOM © 2003
• How to lose gracefully, , Peter Belanger, TeleProfessional January 1995
• The ethics challenge, Robert Carey, Successful Meetings April 1998
• You Want Me To Do What, DeMars Nan, Simon and Schuster 1997
Интернет
• http://www.ethics.org
• http://www.businessethics.org
• http://www.globalexchange.org
• http://www.sweatfree.org
• http://www.business-ethics.org
• http://www.globalethics.org
• http://www.managementhelp.org/
• http://www.worldbank.org
Документарни Филмови
• Тhe Big One, Michael Moore, 1997
• Sicko, Michael Moore, 2007






Нема Одговор
Одговори на овој пост: