Бенефиции
ВОВЕД
Бенефициите во економската пракса играат значајна улога во развојот на една држава, односно претпријатие. Од нивно правилното распоредување во голема мера зависи развојот на општеството, државата, или претпријатието. Правилниот распоред на бенефициите од страна на државата може да го помогне/стимулира стопанството, на пример, самото градење на транспорнта мрежа овозможува значително намалување на трошоците на претпријатијата, и го потикнува воведување на Just In Time концептот. Меѓутоа има и бенефиции како што е, на пример, паркинг место во претпријатието кое работите. Ваквата бенефиција е додатен мотив за вработениот да работи повеќе, да биде попродуктивен, но таа бенефиција влијае само на вработениот и претпријатието. Воведување на безцаринска зона е бенефиција која го потикнува економскиот раст и развој на државата со самиот факт што привлекува инвестиции од земјава и странство, што индиректно влијае на целото општество, на пример, нови фабрики значат нови вработувања, нови производи, поголема конкуренција, повеќе даноци, итн. Додека на друга страна животното осигурување на вработениот е бенефиција која влијае на само една личност и на претпријатието.
Значи бенефициите според начинот на кој дејствуваат можеме да ги распределиме во две големи групи и тоа:
• Општествени бенефиции. Тоа се они бенефиции чие влијание се протега подалеку од директните бенефиции на бизнисменот и/или купувачот, односно влијае на делови од општеството;
• Приватни (или персонални) бенефиции. Бенефиции што влијаат само на приватни лица.
Приватни (персонални) бенефиции
Бенефиции на вработените
Бенефиции на вработените претставуваат додатоци и награди кои ги добиваат вработените како додаток на нивните наемнини. Во суштина овие бенефиции може да се поделат на пет главни групи кои взаемно не се исклучуваат, и тоа:
1. Бенефиции кои се легално обврзни;
2. Бенефиции поврзани со пензионирање;
3. Бенефиции поврзани со осигурување;
4. Бенефиции кои се поврзани со плаќања за времето кое не сме на работа;
5. Други бенефиции.
Во првата група спаѓаат здраственото осигурување, социјалната помош (доколку станува збор за невработена личност), инвалидско осигурување и пензиско осигурување.
Во втората група спаѓаат пензинските фондови, предвремено пензионирање, пензионирање поради инвалидитет, бенефиции во врска со работниот стаж потребен за пензионирање (војни лица и полиција имаат бенефициран стаж) и сл.
Во третата група можеме да ги вброиме медицинското осигурување, осигурувањето од незгоди, животно осигурување, инвалидско осигурување, и сл.
Четвртата група на бенефиции се однесува на плаќањата на наемнината кога не сме на работа и ги опфаќа празниците, одморите, боледувањата, отсуство поради воена обврска, изборните денови, родендени, погреби, платени одмори, време за оброк, време поминато во патување и сл.
Петатта група на бенефиции ги опфаќа сите оние бенефиции кои не спаѓаат во претходните групи. Такви може да бидат попусти во претпријатието, оброци, покривање на трошоци за преселба, паркинг место, возило од претпријатието, финансиски консалтинг, рекреативни сали, приватна канцеларија, тренинг програми, различни бонуси, позајмување на опрема од претпријатието и сл.
Повеќето од овие бенефиции се однесуваат за сите вработени меѓутоа некои од нив се само за извршните органи, односно лица.
Се до донесувањето на “Social Security Act” во 1935 година, може да се каже дека персонални бенефиции воопшто не ни постоеја. Со овој акт не само што беа воведени задолжителни бенефиции кон вработените туку се зголеми и јавното познавање и интересирање за овој вид на бенефиции. Со растот на синдикатите кои бараа се поголеми и се поголем број на бенефиции во нивните договори дојде до страшен притисок врз капиталистите кој резултираше со веќе спомнатиот “Social Security Act”. Затоа триесетите години од 20 век се земаат како зачеток, раѓање на овој вид на бенефиции.
Во наредните години на 20 век продуктивноста се зголемуваше, пред, за време и после Втората Светска Војна што резултираше со уште повеќе персонални бенефиции.
Во 2003 година студија на U.S. Chamber of Commerce направена на тема Бенефиции на вработените покажа дека бенефициите заземаат дури 42,3% од трошоците на претпријатието кои се прават за вработените.
Во Македонија придонесите за фондовите за здраствено, пензиско и инвалидско осигурување изнесуваат окулу 70% од нето платата на еден вработен за што често добиваме критики од ЕУ затоа што ретко кој ќе се реши да инвестира во земја каде што основните и законски обврзни плаќања за вработените се само малку помали од наемнината.
Бенефиции од тренинг
Бенефициите од тренинг на вработените се општо познати и носат позитивни резултати не само за претпријатието туку и за потрошувачите, како и за економијата на државата.
Ретко кои претпријатија се одлучуваат на тренинг на своите вработени преку курсеви, одење на семинари и сл, меѓутоа дел од нив (во зависност од гранката на која и припаѓаат) вложуваат многу во своите вработени. Особено во претпријатија кои се бават со дејности кои се често подлежни на закоснки исправки (измени во законите) како што е сметководството или претпријатија кои мора да ги пратат новите технолошки достигнувања и техники на работа поради обезбедување на подобри или нови услуги и производи. Така, на пример, лекарите мора да одат на семинари да се запознаат со нови технологии и техники на работа, со нови болести, синдроми, лекови, апарати и сл.
Секако и во сите останати дејности тренингот на вработените е важен иако не и употребуван од страна на сите претпријатија.
Најголеми и најбитни бенефиции за едно претпријатие од тренингот на вработените би биле:
1. Подобра продуктивност (помали трошоци во производството и оперативниот сектор);
2. Зголемен квалитет;
3. Флексибилност – тренингот им овозможува на вработените да развијат повеќе специјалности;
4. Помал надзор – што ги намалува трошоците за надзор на вработените и од друга страна ја зголемува мотивацијата;
5. Подобра регрутација и задржување на вработените – претпријатијата со добра тренинг програма полесно наоѓаат персонал и многу полесно го задржуваат.
Бенефиции од воспоставување премиски систем
Во случај кога во претпријатието вработените се на норма систем тогаш проблеми окулу мотивацијата на работниците нема, затоа што и самите работници се свесни дека за да заработат повеќе треба да ја исполнат и надминат нормата. За разлика од норма системот кога во едно претпријатие се плаќа по време тогаш се јавуваат извесни проблеми окулу мотивацијата на вработените. Платата е таа без разлика колку работникот ќе се труди. Психологијата е важен фактор во целиов овој случај, па така еден работник непушач после некое време ќе се фрустрира затоа што треба да работи повеќе од колегите пушачи кои си земаат десетминутна пауза на секој час. Фрустрацијата е неминовна и човечка, впрочем секој би се нервирал кога 80 минути дневно работи повеќе за иста плата. Овој проблем лесно се решава доколку претпријатието на непушачите им ја зголеми платата за 10-15 %. Меѓутоа освен овој проблем кога наемнините се даваат според време систем се појавуваат и ред други проблеми кои го демотивираат работникот. Еве да го земеме највредниот и најмрзливиот работник во едно претпријатие вработени на иста позиција. Сосема е сигурно дека многу повеќе работа ќе заврши вредниот работник, но сигурно е и дека неговата наемнина ќе биде иста со најмрзливиот работник. После некое време природно е да се создаде револт и фрустрација кај вредниот работник поради неправедниот начин на плаќање на трудот. Затоа најдобар начин да се задржи праведна и пријатна работна атмосфера е со воведување на премиски систем на плаќање на вработените. Тоа би значело дека за својата работа освен фиксна наемнина работникот може да добие и бонус (премија) поради одлично завршена работа.
Премиите може да бидат различни и да се однесуваат на различни сегменти (делови) од работата на едно претпријатие. Може да се доделуваат по различни основи како што се: иновации, зголемена продажба, зголемена продуктивност, заштеда на материјали и суровини, креативност, добра организација, и ред други активности во склоп на претпријатието кои во голема мера зависат од типот, односно дејноста на самото претпријатие.
Општествени бенефиции
Бенефиции од компетативен пазар
Зошто конпетативниот (натпреварувачкиот) пазар е бенефиција за потрошувачите и економијата во целост?
“Жестокото натпреварување помеѓу претпријатијата е крвоток на силен и ефективен пазар. Натпреварувањето им помага на потрошувачите да добијат добра понуда, да остварат добра зделка. Тоа ги охрабрува претпријатијата да бидат иновативни, да ја подобрат продуктивноста, економичноста, да ги намалат трошоците, односно да ја подобрат организацијата на производството. Затоа конпетативниот (натпреварувачки) пазар е еден од најбитните фактори за раст во економијата .“
Натпреварувачките пазари постојат каде што постојат повеќе избори за потрошувачите, односно повеќе избори на производи што сакаат да ги купат и услуги што ги бараат. Конпетитивните пазари се карактеризираат со различни форми на ценовни и неценовни натпреварувања помеѓу продавачите кои се заложуваат да го зголемат или заштитат својот дел од пазарот.
Потенцијални добивки од зголемен натпревар на пазарот
Потенцијални добивки од зголемен натпревар на пазарот се:
1. Намалени цени;
2. Поголема дисциплина на насока произведувач/купувач поради одржување на што пониска стапка на трошоци;
3. Подобрување на технологијата – со позитивен ефект на производствената количина и трошоците;
4. Поголема лепеза на производи (повеќе избори);
5. Побрз степен на развој и иновација;
6. Подобрување на квалитетот на производите и услугите;
7. Повеќе и подобри информации за потрошувачите кои им овозможуваат на луѓето да прават подобри избори.
Ценовен и неценовен натпревар
Претпријатијата се натпреваруваат за дел од пазарот на многу различни начини. Секако дека постои разлика помеѓу паричното и непаричното натпреварување и тоа, на пример, при паричен натпревар најчесто претставуваат попусти на цената на производ или услуга поради зголемување на побарувачката, додека при непаричен натпревар на пазарот се мисли на различни стратегии за зголемување на уделот на претпријатието на пазарот.
Пример за непаричен натпревар во Обединетото Кралство што стана многу важен дел во борбата за подолем дел од пазарот во секторот на супермаркети:
• Традиционално рекламирање / маркетинг
• Лојални картички (за поспусти во мрежата супермаркети)
• Банкарски и останати услуги (вклучувајќи и патничко осигурување)
• Вклучени пошти и аптеки во супермаркетите
• Испорака до дома
• 24 часовно работење
• Иновативни технолошки решенија достапни за потрошувачите како што се: интернет купување, самоскенирање и купување и сл.
Отварање пазари - Либерализација
Отворањето на поголема конкуренција, односно натпреварување за пазарот помеѓу претпријатијата, на пазарот значи и кршење на бариерите на конкуренцијата што неминовно постои во секоја индустрија. Перфектен пазар не постои меѓутоа секоја влада треба да се стреми кон негово постигнување. Една од клучните стратегии во последниве дваесет години е либерализирањето на пазарот, што во превод значи укинување на монополската моќ во бизнисот. Со укинување на моноплската моќ се создаваат услови за побрз развој, пониски цени, подобри услуги, побрзо прифаќање и инсталирање на нови технологии, подобра подршка за купувачите, и ред други бенефиции кои се практично неостварливи и недостапни во услови каде што владее монополски пазар.
Бенефиции од добро раководена влада
Бенефиции од добро раководена влада има неброено многу и може слободно да се смета дека токму од добро раководена влада општеството, а со него и поединечните индивидуи, односно луѓето, имаат најголеми придобивки.
Така може да заклучиме дека либерализацијата на пазарот е поврзана во голема мерка со одлуките што ги донесува една влада.
Во Македонија, на пример, заслуга е на владата што имаме монополи во одредени области, од кои најголем и најзаштитуван од самата влада е телекомуникациониот монопол.
Во времето кога во Македонија владееше социјалистичкиот систем трошоците за поврзување во телекомуникационата мрежа ги сносеше барателот за телефонска линија, односно физичкото или правното лице. Така во државата се создаде телекомуникациона мрежа која беше во потполна сопственост на самите потрошувачи затоа што всушност бандерите и каблите без платени од нивни пари. Со распаѓање на социјализмот Македонија ја доби првата „демократска“ влада која наместо да се стави во полза на потрошувачите и да направи либерализација на пазарот, се стави во полза на монополите и донесе решенија кои го помагаат нивното работење и оневозможуваат било каква конкуренција. Така беше донесена одлука со која приватната телекомуникациона мрежа премина во сопственост на Македонски Телекомуникации без притоа да се надокнадат средствата кои приватните лица ги вложиле за приклучување кон мрежата. Со таа одлука се влошија и онака лошите услови за либерализација на овој сегмент од пазарот. Во превод тоа значеше дека мрежата сега е во сопственост на телекомот и секое претпријатие кое сака да влезе на нашиот пазар во оваа бранша треба да гради нова телекомуникациона мрежа или да плаќа одреден надомест на веќе постоечкиот телеком. Тоа секако можеше да се измени ако телекомуникационата мрежа останеше во приватна сопственост (на граѓаните) и секоја фирма можеше да ги користи без да плаќа никаков надомест. Така ќе се создадеа подобри услови за евентуални инвестиции од телекомуникациската дејност, а новиот инвеститор немаше да биде приморан да креира нова мрежа туку ќе ја користеше веќе постоечката. Во овие услови сега ретко кој би се одлучил да инвестира на тоа поле поради огромните тошоци кои би морале да се платат за градење на таква мрежа. Условите на ова поле би се смениле само со развојот на науката и пронаоѓање на исплатливо безжично решение.
Долги години на нашиот пазар владееше и монополот на мобилната телефонија која беше наметната повторно со лоши одлуки на владата кои секако беа поздравени од монополот. Либерализацијата на пазарот се одолговлекуваше, впрочем беа потребни 17 години за во Македонија да дојде трет мобилен оператор што донесе 75% намалување на цените на разговорите и 500% намалување на СМС пораките. Одговорите на владата од типот „мал пазар сме за три мобилни оператори“ се крајно смешни зошто во светот постојат многу помали држави со многу повеќе мобилни оператори. Пример за ова е и Црна Гора, држава која беше во Југославија (исто како и Македонија) и која за многу покус период донесе дури четири мобилни оператори што резултираше со енормно паѓање на цените, кои се дури два пати пониски од оние кај нас.
Впрочем кај нас владееше и големо противење од страна на опозицијата (инаку до пред некое време владата која ги штитеше телекомот и сличните монополи) пред некое време за евентуалното воведување на четврт оператор за кој владата веќе донесе решение. Дури излегоа и некои економости со тврдење дека со тоа би дошол и пораст на цените што е смешно и контрадискторно со економските науки.
Бенефиции од брз и ефикасен суд
Судството е уште еден сегмент потребен за економски раст и развој кој спаѓа во бенефиции од добро раководена влада.
Кај нас во Македонија судството е корумпирано и споро што негативно влијае и на самата економија, се ствара лоша клима за инвестиции, се заштитуваат одредени олигарси и се прави лоша услуга на државата воопшто. Впрочем и најголемите критики од ЕУ се упатени на сметка на судството и неговото функционирање.
Не може да се гради добра бизнис атмосфера кога еден обичен спор за ненаплатен долг се влечка во судот неколку години. Претпријатието губи време и пари кои наместо да ги троши за подобрување на производството и услугите ги троши во судови, по адвокати, без да добие никакви резултати. Во добро организирани земји споровите за неплатени сметки се кратки и брзи. Така во Швајцарија откако ќе помине рокот за плаќање на дадена фактура доволно е само со фактурата како доказ да се отиде во суд кој по брза постапка решава. Потоа жиро сметката на претпријатието должник се блокира, а сите уплати се пренасочуваат кон претпријатието на кое му се должи. Жиро сметката останува блокирана се додека не се исплати целиот износ на долгот. Така претпријатието на кое му се должи брзо го наплаќа долгот, што спречува било какви загуби. Во Македонија можеш да работиш со години без да му плаќаш на никого, а кога судот ќе реши да се блокира жиро сметка доволно е само претпријатието да покрене ликвидациона постапка, што би значело дека претпријатијата нема да добијат ништо повеќе од капиталниот влог кој за ДОО (ДООЕЛ) изнесува само 5000 евра. Ако имаме една фирма која направила долг од 100000 евра, а има капитален влог од 5000 евра тоа значи дека од вклупниот долг ќе бидат исплатени само 5000 евра и тоа хронолошки на првите тужители. Останатите одат во загуби кои сигурно не влијаат добро на нивната работа, и на економијата на државата во целост. Затоа е многу важно судот да биде брз и ефикасен.
Бенефиции од инфраструктурата
Инфраструктурата (транспортната мрежа – автопати, мостови, комунални услуги, брани, аеродроми с сл.) на една држава е многу значаен фактор за нејзин економски раст и развој. Од неа зависи продуктивноста, а огромно значење има за воспоставување на Just In Time системот, впрочем инфраструктурата е основа за поставување на овој систем на работа.
Сепак не сите се согласуваат дека се потребни повеќе инвестиции во инфраструктурата. На пример некои истакнуваат дека врските помеѓу растот на продуктивноста и инфраструктурата не се јасни. Ако е поверојатно дека богатите земји градат болници и патишта, можеби повисокиот ред на продуктивноста води кон повеќе инфракструктура, отколку обратно. Други се загрижени дека инфраструктурните инвестции од страна на владата можеби вклучуваат одредени политички аспекти повеќе отколку што развиваат економска ефикасност.
Сепак ако малку се размисли на оваа тема веднаш ќе се дојде до две бенефиции овозможени од подобрената инфраструктура и тоа, прво трошоците за патување, односно транспорт од едно до друго место ќе се намалат, и второ времето потребно за патување ќе се намали, што осигурува заштеди на претпријатијата во време и пари.
Бенефиции од добар образовен систем
Бенефициите од добар образовен систем се мношне јасни и очигледни. Од добар образовен систем излегува добро обучен кадар кој понатаму придонесува за развој на општеството, или претпријатието. На пример, одлуката на владата да го воведе средното образование како обавезно создава повисоко образуван кадар од сите сфери. Бенефиции од оваа одлука добиваат како учениците така и претприемачите кои подоцна ќе ги вработат тие ученици.
Распределба на бенефиции
Распределбата на бенифиции во макроеконмијата, повторно, како и повеќето други бенефиции наведени во оваа глава, спаѓаат во бенефиции од добро раководена влада.
На пример, во услови кога морталитетот на населението е зголемен тогаш добра одлука би било воведување на бенефиции за трето дете. Во овој случај се стимулира наталитетот на нацијата со тоа што се доделуваат финансиски средства за трето дете, се обезбедува бесплатно школување, бесплатни одмори и сл. Овој систем го има воведено Бугарија и функционира одлично веќе доста време.
Во социјализмот и по осамостојувањето на Македонија можеби најпаметно ќе беше да се воведе данок за трето дете, односно да се воведат давачки за фамилии кои имаат повеќе од две деца. Тоа можеби ќе го спречеше денешниот изглед на демографската карта на Република Македонија, а во голем дел можеше да ги спречи и случувањата од 2001 година, и доведувањето на државата во улога на заложник. Секако не постои сигурност во ова тврдење но затоа со сигурност може да се тврди дека демографскиот изглед на државата би бил доста поинаков доколку таков закон бил воведен.
Летово во Македонија беше сушно што се одрази најмногу на земјоделството, а потоа по систем на домино ги зафати и сите сфери на економијата. Прво беше поскапувањето на зеленчукот и овошјето, потоа поскапување на сточната храна, лебот, итн. Добра одлука на владата би била наместо да им кажува на земјоделците да си увезат сточна храна (што се покажа за грешно) да им обезбеди бенефиции како што се намалени даноци и увоз без царина. Во нашиот случај земјоделството не е толку развиено како западното, па поголем дел од земјоделците се инвидуални што значи дека имаат мали ниви, мали приноси, мали стада стока, со мали побарувачки за храна. Така на таквото земјоделство, и таквите земјоделци во државата воопшто не им беше исплатливо да увезуваат сточна храна и се решија на единственото преостанато решение. Стоките беа убиени и завршија во месарниците додека цената на млекото значително скокна. Ова секако можеше да биде спречено доколку владата се решеше да увезе сточна храна и потоа да им ја продаде на сите земјоделци по прифатлива цена, која истите не можеа да ја обезбедат поради малата количина која им е потребна.
Владата може и треба да врши планска распределба на бенефициите во макроекономијата поради стимулирање на развојот на одделни гранки од стопанството во државата. Воведувањето безцариснка зона е само една бенефиција што би требало на подолг временски период да резултира со инвестиции во стопанството, а со тоа да донесе поголем број на вработувања, поголема конкуренција и поголем економски раст и развој.
Референтна литература
Референтна литература не е користена освен за „Бенефиции од инфраструктура“ кое е (буквано) препишано (срам да ми е) од Основи по Економија од Тодор Тодоров. Останатото е настанато како последица на животот во државава ни наша и обиди (се надевам успешни) за рационално и логично размислување.

Нема Одговор
Одговори на овој пост: