Анти-???

Анти-НАТО, анти-ЕУ.

Се прашувам зошто во Хрватска никој не го нападна претседателот поради анти-ЕУ политика затоа што изјави дека не им се брза за влез во ЕУ особено не им се брза во ситуација кога под притисок и уцени се обедуваат да извлечат решение за спорот со Словенија.

Можеби затоа што таквиот влез во ЕУ ги загрозува нивните национални интереси.

А како тоа ги загрозува кога ЕУ е во нивните национални интереси?

Епа има национални интереси и НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ, а очигледно е дека ЕУ е само во национални интереси додека задржување на Хрватска во своите граници е НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС.

Штета што кај нас ЕУ и НАТО некои ги поставуваат пред името и идентитетот.

Во Македонија некои се обидуваат ЕУ и НАТО да ги претстават како нацинален интерес број 1, додека името на државата и нашиот идентитет како национален интерес кој може и да се менува, а и не е толку битен.

Како поѓаволите име и идентитет не се на врвот на националните интереси мене ме интересира? И каков е тој народ и таа држава која ЕУ и НАТО ги става пред името и идентитетот?

Tags: , , , , , , , ,

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL