Сурова реалност
За пропагандата што ја вршеле низ историјата бугарите, србите и останатите ни наши добри соседи е добро познато. Во ВМРО имало бугарски шпиони, Ѓорче Петров бил убиен од бугарите, впрочем сте ја прочитале се надевам „Денови на искушение“ или барем сте го гледале филмот. И бугарите и србите на освоените територии од Македонија менувале презимиња, не дозволувале говорење македонски, затварале секој што ќе се изјаснел како македонец. Грците го правеле истото, убивале, протерувале, вршеле пропаганда, не дозволувале.
Денес во 2009 година македонецот е македонец, самоестоен, независен, и со сигурност може да се спротистави на секоја пропаганда од нашите ни добри соседи. 100 години непријателска пропаганда не оставила никаков траг врз македонецот. Но дали е тоа така?
Македонија моментално е разделена на античка и словенска страна. Некои викаат антички македонци сме биле, другите викаат сме биле словени. Самото ова раздвојување на народот покажува дека ние всушност и самите не знаеме што сме. Словени? Антички македонци? Дали е ова само резултат на пропаганда? На бугарската, српската и грчката? Дали е ова резултат на поновата титова пропаганда? Како и да е ова им помага на бугарите. Впрочем тие и самите викаат дека македонците се само збунети бугари кои еден ден ќе сфатат дека бугарска е крвта што тече низ нивните вени. Самите ние македонците, преку нашиот внатрешен раздор оставаме впечаток на народ кој не знае што е. Антици или словени? Бугарите тријат раце и го повторуваат она нивното „един народ две држави“. Ние ја помагаме нивната агенда. Сега тие можат комотно да одат низ светот и да покажуваат на нас, на нашата збунетост, неопределеност, да мафтаат со 20000-30000 државјанства на новозодадени бугари (македонци кои се продале за бугарски пасош - јавна тајна е дека за да добиеш пасош треба да кажеш дека некој од родителите ти е бугар) кои своерачно имаат потпишано документи со кои потврдуваат дека се бугарски деца. Бугарите викаат „Види ги, самите не знаат што се - што на нас ни ги оправдува сомневањата дека тие се бугари, впрочем 30,000 од нив го потврдија тоа“. На страна тоа, ама тие нови 30,000 бугари во Македонија направиле уште најмалку 30,000 други бугари - нели треба некој од родителите да е бугар.
Секако ова се неможе и не смее да и се препише само на соседската пропаганда. Можеби не е нивна кривица. Можеби вистината е далеку поблиску, се наоѓа тука во Македонија, на наш дофат. Можеби не знаеме што сме затоа што никогаш самите не сме си ја напишале историјата. Секогаш бил друг - никогаш наш. И кога биле наши тие работеле за други. Така имаме кумунистичка историја пишувана во рамките на СФРЈ, создадена за интересите на СФРЈ. Имаме историја од СХС, од бугарија, од грција, од странци, од секого освен од македонци. Нас ни треба нова историја. Историја која сами ќе ја истражиме и напишеме. Историја која ќе ја пишуваат историчари кои не веруваат во онаа историја која ни била напишана и одредена од други. Почнуваме од нула. Зарем да верувам во комунистичката историја? Онаа каде што Ченто беше пишан предавник? Почнуваме од нула. Сите ликови од нашата понова историја треба да се преипитаат. Сите. Почнувајќи од Гоце Делчев, Мисирков, сите. Кој бил македонец - кој не. Што знаеме точно? Ништо! Знаеме само она што Тито сакаше да го знаеме. А оваа поновава историја, напишана во независна Македонија? Ѓубре. 95 % е истата со онаа титовата.
Нас ни треба нова историја. Нов почеток. Што е подобро од историја, а дава историски точни резултати? ДНК анализа. ДНК анализа тогаш и е. 10 научни тимови од светски стручњаци можат да истражат, да потврдат. Кога го имаш темелот потоа е полесно. Без темел куќа не се гради, затоа нас ни треба цврст темел на кој ќе ја поставиме македонската историја.
Историја. Зошто македонецот не знае кој е? Затоа што не си ја познава историјата. Зошто македонецот нема цврст став за својот идентитет? Затоа што не си ја познава историјата.
Сега некој ќе рече, ама јас имам цврст став за мојот идентитет. Јас сум македонец и точка. Индивидуално тоа е во ред. Меѓутоа општествено не е. Македонија нема цврст став за своето име и идентитет. Да имаше немаше да има преговори за името и идентитетот. Никој што си има цвртсо решено што е и како е не преговара. Да појаснам што е поентата. Имаме човек кој се вика Дарко. Му доаѓам јас на Дарко и му викам ти не си Дарко, ти си некој Сло-Дарко, или Дарковски, или Даре ама Дарко не си. Дарко ми вика ама јас сум Дарко. Јас му викам, абе ти не си Дарко и точка. Се вртам јас кон брат ми, го викам него и му велам - Ти личи овој на Дарко, мене не ми личи. Брат ми дипломатски одговара, може е Дарко, ама може и не. А да се договорите вие најдобро, еве јас ќе ви бидам медијатор. Се чека се на Дарко, а овој очигледно со одредени соменинија вика - Ај ќе преговараме, ама ќе видите дека јас сум Дарко.
Што е поентата? Да имаше Дарко, или Македонија цврст став (плус да знаеше точно кој е и што е) ќе речеше „Ама јас сум Дарко и точка.“ или „Јас сум македонец од Македонија и точка.“
Гледате самото одење на преговори повлекува една негативна работа која е очигледна ако се размислува трезвено и напорно. Штом некој преговара значи не е сигурен во своите ставови, и истите тие ставови се променливи.
На кој му одговара ваков став?
Повторно на Бугарија, Грција и останатите добри соседи.
Бугарија повторно може да го оправдува (и докажува) својот сомнеж „македонците се бугари кои не знаат дека се бугари“ со уште еден факт повеќе. Ете гледате дека не знаат што се, видете ги, ако знаеја ќе преговараа ли?
Со самиот чин на преговарање се доведува во прашање идентитетот. Самото преговарање е доказ дека Македонија (пардон, БЈРМ) има разлабавен став во однос на нацијата и својата припадност.
Мислите дека не? Мислите дека светот е либерален? Мислите дека национализмот е изумрен? Мислите дека патриотизмот е глупост?
Ве молам, кажете му на французин дека не е французин. Кажете му на англичанец дека Англија ќе мора да смени име.
Но знаете ли што е најтрагично? Што поради немање историја, поради вековна пропаганда, македонскиот народ е наведен да работи против себе. Поради немање историја и чуство на припадност кон една нација одредени групи притискаат за сменување на името. Внатре во државата. Но тоа не е најтрагичносто. Најтрагично е што било која земја од ЕУ и НАТО (оние истите каде што сакаат да одат по цена на име и идентитет) никогаш не би го прокоцкала идентитетот и името на државата поради било која причина. Тие се идентификуваат со тоа име. А ние со што?
Tags: влада, држава, еу, идентитет, име, историја, македонец, македонија, нато, националитет, националност, политика, преговори






1 Одговор
Револуција » Blog Archive » Енциклопедија
Октомври 9th, 2009 во точно 06:06
[...] од текст напишан на 16 март 2009 година: „…..самите не сме си ја [...]
Одговори на овој пост: